По Глишиќ, во Гостивар дојде и Мевљан Мурати

1046

По потписот на Дарко Глишиќ, македонскиот прволигаш Гостивар се пофали со уште едно засилување за новата сезона. Се работи за бекот Мевљан Мурати кој во Гостивар доаѓа од редовите на Работнички каде што играше минатата сезона.
Се работи за фудбалер роден во Тетово, а кариерата ја почнал во Шкендија. Играл уште за Шкупи, Ренова и за Партизани од Албанија.
Инаку Мурати е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а има и еден настап за сениорскиот национален тим.

ПретходноСе гради дрим тим на „Пољуд“ – Трајковски ќе игра со Џеко и Ракитиќ?
СледноГРК Тиквеш ги продолжи договорите со тројца играчи