Шпанскиот тренер, Роберто Мартинез ќе ја предводи Португалија на Европското првенство во Германија. Пред првиот меч на шампионатот тој не сакаше да зборува за стартниот тим, но објасни зошто ја пее португалската химна и зборува Португалски.
„Химната е многу важна како за навивачите, така и за нацијата и за репрезентацијата. Таа преку фудбалската репрезентација ги претставува бројните Португалци во Португалија, и во светот“, објасни Мартинез.
За причината да учи Португалски…
„Мислам дека тоа е многу важно. Еве на пример, јас да сум навивач на некој тим и странски тренер биде селектор би сакал тој да научи да зборува Португалски. Јас се уште учам, тоа е процес. Во тимот исто така зборуваме на англиски, шпански и португалски. Имам учител, Мигуел кој е трпелив со мене. Секој ден по два часа португалски јазик“.
За шансите на Португалија за титулата…
„Нема изразит фаворит. Има повеќе… Франција, Англија, Италија, Португалија, Шпанија, Германија… Очекувам да бидеме на високо ниво. Во случај на титула? Би отишол да се помолам во Фатима (светиот град во Португалија) заедно со навивачите“.