Екипата на Вардар 1961 следната сезона нема да смета на услугите на Јапонецот, Косуке Јасухира, кој беше еден од главните мотори во составот на „црвено-црните“.
Раководството на клубот се чини веќе се подготвуваше за оваа промена, па на повидок е ново име. Според „балканхендбол“, 32 годишниот привремен српски репрезентативец, Младен Крсманчиќ ќе биде засилувањето на централно бековската позиција.
Тој доаѓа од екипата на Чурго во која играше последните пет години, а претходно има настапувано и во Шпанија.