Џатевска следната сезона во дресот на унгарски Сомбатељ

105

21-годишната македонска репрезентативка Ивана Џатевска има нов клуб. Таа и следната сезона останува во Унгарија, но од денеска е член на екипата на Сомбатељ.

Џатевска 1,5 година беше член на екипата на Кишварда, прикажувајќи одичан игра, па затоа и доби понуди од бројни екипи ова лето. Сомбатељ минатата сезона беше второлигаш, но успеа да го освои првото место во натпреварувањето и да обезбеди промоција во унгарската елита.

„Најпрво би сакал да ви се заблагодарам за можноста да бидам член на тимот. Секогаш сум подготвена за нови поглавја и нови предизвици, поради што реков ДА за овој трансфер. СЗККА е многу млад тим со светла иднина пред себе. Сакам предизвици и сакам да дадам максимум на натпреварите. Навистина се радувам на следната сезона, мислам дека ќе биде многу успешна за мене и за целиот тим“, изјави Ивана Џатевска за клупскиот веб сајт на Сомбатељ.

ПретходноSpecialty coffee во Валенсија
СледноВест Хем даде 25 „милиончиња“ за Бразилец