Европа пулсира во духот на континенталниот шампионат. Со нетрпение се чека премиерата утревечер во Минхен, каде на „Алијанц Арена“ домаќинот Германија ја пречекува Шкотска.
Алатката со вештачка интелигенција, „ChatGPT“ веќе ја направи првата прогноза. На прашањето што може да се очекува од дуелот Германија – Шведска, алатката вели дека домаќините најверојатно ќе го добијат мечот.
„Генерално, со оглед на формата, силата на тимот и предноста на домашниот терен, се очекува Германија да обезбеди удобна победа над Шкотска на овој воведен натпревар на Евро 2024 година“, вели ChatGPT
ChatGPT смета дека победа од 3-0 на Германија е најверојатниот исход на петочниот меч во Минхен. Останува да видиме дали е во право!