Лазаров во улога на предавач на „Handball 4 all“

126

Селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров ќе биде еден од предавачите на меѓународниот проект „Handball 4 all“, кој оваа година ќе се одржи од 28-30 јуни во Белград.

Станува збор за летна ракометна Академија со специјална програма за развој на млади играчи и тренери.

Покрај Лазаров, во улога на предавач ќе биде и поранешниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ. Темите на кои ќе се дискутира ќе бидат обработени теоретски и практично.

Присуството на „Handball 4 all“ ќе биде бесплатно.

ПретходноДамјан Крстов од Ајакс да биде нашата следна голема звезда
СледноЦела Америка зборува за исклучувањето на Дончиќ, дали судиите донесоа вистинска одлука? (ВИДЕО)