По ангажманот на Драган Марковиќ на клупата, ГРК Тиквеш потпиша нови договори со тројца ракометари на бековската линија. Кавадарчани се пофалија со три нови потписи – па така Тиквеш и следната сезона ќе напаѓа со Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Ани Обина.
Претходно клубот го напуштија голманот Јанко Гемаљевиќ и кружниот напаѓач Никола Стефановиќ. Исто така ГРК Тиквеш го потврди и настапот на Струшкиот турнир.