Даглас Луиз најверојатно ќе се согласи да стане нов играч на Јувентус.
Впрочем, ако се прашува тој, така ќе биде, останува деталите да ги договорат Јувентус и Астон Вила.
Луиз ќе потпише четиригодишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра годишно.
Што ќе понуди Јуве?
Според некои информации на „Тутоспорт“, Вестон Мекени и Семјуел Илинг-Џуниор ќе заминат на „Вила Парк“, а покрај тоа клубот од Торино е подготвен да плати 18 милиони евра.
Се чини дека најголем проблем е само договорот на двајца играчи на Јувентус со Астон Вила.
Инаку, Даглас Луиз е голема желба на многу клубови меѓу кои и на Арсенал.