“Србија? Таму не се знае кој кого…и кој со кого е. Пикси не знае што збори!“. Следуваше реакција на ФСС, се извини и ХРТ!

5380

Невиден скандал предизвика стручниот коментатор на ХРТ, некогашниот фудбалер Јошко Јеличиќ на реалција Хрватска – Србија. Имено тој коментирајќи за тоа какви шанси имаат репрезентативците на Србија на ова ЕУРО 2024, покрај другото кажа:

Со нив на ЕП секако дека нема да биде здодевно, посебно ако го загубат првиот меч од Англија. Потоа ќе се распаднат и тогаш ќе има многу материјал за коментирање. Одамна не сме виделе и слушнале во таа селекција кој кого… и кој е со кого“ веројатно алудирајќи на та што се случуваше на СП во Катар со девојките и жените на играчите на Србија.

Јеличиќ кажа нешто и за Пикси:

Тој не знае што збори. Проблемот е во тоа што тој како селекторт ништо не носи за тимот. Го гледавме како пцуе по играчите“…

По ова се “запали“ јавноста во двете земји.

Прво реагираше Фудбалскио сојуз на Србија со кусо соопштение:

Никој од наша страна нема да се занимава со таков вид на фрустрации од денеска па до крајот ја ЕП“.

Инаку за ова се извини и Хрватската ТВ, ХРТ, која информираше дека ставовите на Јеличиќ се само негови а не и на нивната ТВ куќа.

ПретходноТИПСТЕР МАНИЈА, турнир во спортско обложување на 2win.мк  
СледноПромоција: Нури Сахин на клупата на Дортмунд!