Фоден пред да замине на ЕП 2024 побарал помош од јасновидец

100

На неколку дена пред почетокот на Европското првенство, англискиот репрезентативец Фил Фоден побара помош од јасновидец. Шол Смит (25), која важи за вистински експерт за тарот, само неколку дена пред пресметката на Англија со Србија погледна во картите на ѕвездата на Манчестер Сити.

Фоден дошол кај познатата јасновидка во придружба на неговата сопруга Ребека, пишува британски „Сан“.

Смит тврди дека може да се вклучи во енергиите на клиентите.

„Беше задоволство да се чита за Фил и Бека, и двајцата се многу духовни и љубезни луѓе! Сигурно ќе има многу среќа“, наводно рекла Смит.

Изворот на овој весник открива дека славниот фудбалер се интересирал како ќе се снајде Англија на претстојниот турнир.

ПретходноТанкоски го облече дресот на Вардар
СледноЈуве ќе го купи Де Грегорио без разлика дали Шчесни ќе си оди или ќе остане