Горан Силјановски (33) од вечерва и официјално е нов член на Беса. Клубот од Добри Дол денеска ги официјализираше трансферите на Костадин Захов и Меџит Незири, а еве вечерва се пофали и со искусниот дефанзивец Горан Силјановски кој доаѓа од Брегалница.
Претходно Силјановски играше и за Работнички, Ренова, Вардар, Македонија ЃП, а играше и во Албанија.