Вкупниот награден фонд на овогодинешниот Вимблдон изнесува рекордни 50 милиони фунти, објавија организаторите на третиот тениски Грен слем турнир во сезоната.
Наградниот фонд е зголемен за 5,3 милиони фунти, што е зголемување од 11,9 отсто во однос на минатогодишниот турнир.
Победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе освојат по 2,7 милиони фунти, што е за 14,9 отсто повеќе од минатата година.
Вимблдон ќе се игра од 1 до 14 јули.