Дел од рекордите на ЕП: Никој како Роналдо!

231

Со првиот меч во Минхен меѓу Германија и Шкотска стартуваше фудбалското “лудило“ на Стариот континент.

И кога сме кај ЕП да се потсетиме на дел од рекордите кои беа постигнати на досегашните шампионати.

Секако дека во преден план е Кристијано Роналдо:

-Кристијано Роналдо (Португалија) со 25 меча е рекордер по бројот на настапи

-Кристијано Роналдо (Португалија) со 14 голови е прв стрелец на досегашните ЕП

-Ивица Вастиќ (Австрија) е највозрасен стрелец со 38 години и 257 денови

-Јохан Вонлантен (Швајцарија) е најмлад стрелец со 18 години 141 ден

-Габор Кираљи (Унгарија) со 40 години и и 86 денови е највозрасен играч на досегашните ЕП

-Каспер Козловски (Полска) со 17 години и 246 денови е најмладиот играч кој играл на Европските првенства

-Дмитри Кириченко (Русија) е најбрзиот стрелец и тоа со гол во 1:07 минута…

-Мишел Платини (Франција) на ЕП 1984 постигнал 9 голови, најмногу на еден турнир

-Мишел Платини (Франција) е стрелец н најбрзиот хет-трик, му беа потребни само 18 минути во 1984 против СФРЈ

-Јоаким Лев (Германија) со 21 меч е рекордер кај селекторите по бројот на настапи

-Германија учествувала на 14 ЕП

-Германија со 51 меч е рекордер по број на настапи на досегашните ЕП

-Франција – СФРЈ 4:5 во 1960 година е најефикасен натпревар

ПретходноУрнебесно: “Мојата сопруга не знае дека сум овде!“(ВИДЕО)
СледноМоќна е оваа Германија! (ФОТО+ВИДЕО)