Манчестер Јунајтед официјално го објави почетокот на модернизацијата на својата база „Керингтон“. Новите косопственици Инеос, кои го презедоа директното управување со клубот, имаат амбициозни планови за оптимизирање и модернизација на базата, која беше под одредени остри критики во последниве години.
Се наведува дека акцентот ќе биде ставен на создавање на високо ефективна средина за работа и соработка меѓу фудбалерите на првиот тим. Целиот проект ќе чини 50 милиони фунти и е дел од инвестицискиот пакет од 270 милиони фунти за реновирање на базата и стадионот на „Олд Трафорд“.
Архитектонското биро „Foster + Partners“, кое работеше на реновирање на „Вембли“, како и на изградбата на стадионот „Лусал“ во Катар, кој беше домаќин на финалето на Светското првенство во 2022 година, изгради визијата и ќе го надгледува процесот на градење на новата визија на „Карингтон“.
ℹ️ We will begin work to modernise the men’s first-team building at Carrington next week.
The £50m project will see all areas of the building refurbished to deliver a world-class facility, creating a high-performance environment for players and staff.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) June 14, 2024
„Сакаме да создадеме средина од светска класа која ќе ги поддржува нашите тимови да успеат. Направивме темелна анализа на основните објекти, имавме разговори со првотимците, што не натера да сфатиме дека нашите стандарди паднаа под оние на некои од натпреварувањата. Овој проект ќе обезбеди нова средина за обука на Манчестер Јунајтед која ги постигнува највисоките стандарди“, изјави Сер Џим Ретклиф за клупската веб-страница.