Матеус: Германија ќе биде шампион, ќе ја победиме Франција во финале

81

Поранешниот фудбалер на Баерн (М) и на германската репрезентација, Лотар Матеус вели дека Германија ќе го освои домашното Евро и ќе ја победи Франција во финалето на турнирот.

„Сега има позитивна тензија во пресрет на почетокот на Еврото. Го имам истото чувство како порано кога се приближуваше нашиот прв натпревар на голем турнир. Наскоро нашата селекција ќе го отвори Европското првенство на домашен терен со меч против Шкотска. И, исто како кога бев фудбалер, цврсто верувам дека можеме да го освоиме турнирот. Моја прогноза: Германија ќе стане европски првак! Според мене, Германија ќе ја добие групата, ќе а победи Србија во 1/8-финалето, а Шпанија во ¼-финалето. Ќе ја победиме Португалија во полуфиналето и Франција во финалето. Се разбира, ова е само прогноза. Но, зошто патот на Германија да не изгледа вака?“, изјавил Матеус за весникот „Билд“.

ПретходноСпалети држи војничка дисциплина: Нема мобилни телефони, нема доцнење, помалку играње видео-игри
СледноТиквеш ги потпиша Кофилоски и Димовски