Официјално: Буњамин Шабани уште две години во Струга ТЛ!

174

Нема веќе дилеми, Струга ТЛ во следната сезона за наши услови ќе има страшен тим. По Бесарт Ибраими вечерва го продолжи договорот и со Буњамин Шабани, клучниот играч на шампионот, и тоа на две години.

Ова вечерва на своите социјални мрежи го потврдија и стружани.

Шабани во изминатите неколку дена се поврзуваше со трансфер во Гостивар и Беса, но сепак се одлучи да ја прифати понудата на шампионот и да остане во Струга до 2026 година.

Ова секако дека ќе го израдува стратегот Ќатип Османи.

ПретходноБеса не запира, се пофали и со Горан Силјановски! (ФОТО)
СледноСпектакл во Минхен, хаос на тренингот на Португалија, проблеми во Берлин!(ФОТО+ВИДЕО)