И дефинитивно дебитантот во ПМФЛ за следната сезона, тимот на Беса не се шегува. Па така денеска по промоцијата на Костадин Захов, раководството на клубот го промоцираше и Меџит Незири, кој во изминатите две сезони играше за Струга ТЛ со која освои и две шампионски пехари. Незири е искусен дефанзивец, кој има играно и за Ренова и Шкендија, а имаше и интернационална кариера.
Секако дека ова е големо засилување за клубот од Добри Дол.