Финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд официјално го објави заминувањето на искусниот дефанзивец Матс Хумелс. Договорот на поранешниот германски репрезентативец истекуваше на крајот на сезоната и нема да биде обновен, па играчот станува слободен агент.
„По вкупно повеќе од 13 години успешна соработка, Борусија Дортмунд и Матс Хумелс се разделуваат“, потврдија од клубот, додавајќи дека одлуката е резултат на разговорите што директорите Ларс Рикен и Себастијан Кел ги воделе со фудбалерот за време на неделата.
„Заедно славевме големи успеси и доживеавме незаборавно време. Заедничките моменти траат вечно. Ви благодариме за се“, му се обрати Борусија на дефанзивецот.
Borussia Dortmund and Mats Hummels will part ways.
The German defender has spent more than thirteen years at the club and left a significant mark having won two Bundesliga titles and DFB-Pokals with the club among numerous other achievements.
We are grateful for the successful… pic.twitter.com/0XJ2VyEkxF
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) June 14, 2024
Хумелс (35) дебитираше за Борусија на 29 јануари 2008 година. Во неговите два периоди во клубот, тој собра 508 натпревари во кои постигна 38 гола и даде 23 асистенции, освојувајќи ја Бундес-лигата двапати и Купот на Германија, како и Суперкуп три пати.