Падна „маската“: Хезоња се врати во редовите на лутиот ривал

959

Марио Хезоња е новиот кошаркар на Барселона, според „Марка“. Според нивните извори, Хрватот потпишал четиригодишен договор со Каталонците.

Така, по две години поминати во најголемиот ривал Реал, Хезоња ќе се врати во Барса за која веќе настапуваше на почетокот на сениорската кариера.

Со недели се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата. По финалето на АЦБ лигата и освојувањето на шампионската титула, тој изјави дека би сакал да продолжи да собира трофеи со Реал, но очигледно тоа било само „маска“ за она што следува.

Хезоња во Барса ќе заработува и до 3.000.000 евра по сезона, што ќе го направи еден од најплатените играчи во Европа.

ПретходноПолицијата во Германија препорачува пушење трева за време на Европското првенство
СледноОфицијално: Хумелс се збогува со Дортмунд