Заврши првото полувреме од првиот меч на ЕП, кој се игра вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен. Германија почна моќно, одигра навистина добро и со водство од 3:0 заминаа “панцерите“ на пауза против Шкотска која просто не знаеше каде е.
Уште во 10.минута Флоријан Вирц реализираше за 1:0, со што ќе се запише во историјата како стрелец на првиот гол на ова ЕУРО 2024. Девет минути подоцна Мусиала зголеми на 2:0. Во 44.минута од пенал домашната селекција со реализираниот пенал на Хаверц имаше веќе 3:0. Шкотска во тие моменти остана со играч помалку зошто Портеус доби црвен картон по фаулот врз Гундоган по што дојде и до пеналот.