Поранешниот македонски селектор, Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, открива Охридњуз. Тој на тренерската позиција во Охрид доаѓа на местото на Александар Толески. Џиџи и раководството на клубот потпишале едногодишен договор со можност за продолжување на истиот.
„Со носењето на потврдено фудбалско име со интернационално и селекторско искуство го пополнуваме испразнетото тренерско место во клубот што можеби беше и наша најслаба точка. Очекуваме со ангажманот на Илевски подобрување на перформансите на екипата што заедно со заложбите за квалитетни засилувања, согласно нашите можности, и ростерот на охридски погон, треба да ни донесе напредок како во играта, така и во резултатите, изјави за Охридњуз Данчо Целски, еден од раководителите на ГФК Охрид.