Промоција: Нури Сахин на клупата на Дортмунд!

110

Во сенка на стартот на ЕУРО 2024, денеска раководството на Борусија Дортмунд го назначи и официјално новиот тренер. Тоа е легендата на клубот Нури Сахин, кој досега му беше асистент на Един Терзиќ. Како што објавија на своите социјални мрежи, европскиот вицешампион и Сахин потпишале договор со важност до 2027 година.Image

Инаку Сахин и претходно се споменуваше како нов стратег на “милионерите“, и тоа во минатата година кога Дортмунд со Терзиќ ја загубија титулата во последното коло од Мајнц, но сепак Терзиќ доби тогаш доверба а сега откако пред два дена си замина од клубот, на негово место назначен е Сахин.

Претходно“Србија? Таму не се знае кој кого…и кој со кого е. Пикси не знае што збори!“. Следуваше реакција на ФСС, се извини и ХРТ!
СледноОлгун Ајдин најави заминување од Шкупи!