Јуве ќе го купи Де Грегорио без разлика дали Шчесни ќе си оди или ќе остане

62

Јувентус ќе го купи голманот Микеле Ди Грегорио, без разлика дали клубот ќе го напушти Полјакот Шчесни или не.

Според Фабрицио Романо, Монца за 26-годишниот голман ќе добие 18 милиони евра, а потврдени се уште 2 милиони во форма на бонуси.

Претходно беше објавено дека трансферот зависи од Војчех Шчесни, но Јуве во секој случај ќе го купи Ди Грегорио, без разлика од трансфер разврската на Полјакот.

Трансферот на Шчесни во Ал-Наср, за кој настапува Кристијано Роналдо, се уште е отворен. 34-годишниот Полјак се согласил да се пресели во Саудиска Арабија, но клубот се уште нема донесено конечна одлука за зделката.

ПретходноФоден пред да замине на ЕП 2024 побарал помош од јасновидец
СледноКонор Мек Грегор е повреден, ја откажа битката со Чендлер