Танкоски го облече дресот на Вардар

236

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на ракометниот клуб Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.

Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.

Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.

„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони“, изјавил Марио Танкоски.

ПретходноАл Наср го прави Ван Дајк најплатен дефанзивец во светот?
СледноФоден пред да замине на ЕП 2024 побарал помош од јасновидец