Нема што, Барселона прави навистина супер – тим кој следната сезона ќе биде еден од најголемите фаворити во Евролигата. Прво го “капариса“ Марио Хезоња од Реал за 12 милиони евра за три сезони, потоа го назначи Хоан Пењароха за нов тренер, а попладнево вестите од Каталонија велат дека се е договорено со најдобриот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер дека и тој по три сезони минати меѓу “црно-белите“ ќе се пресели во Барселона.