Вечерва во Минхен едноставо “гори“. Стотина илјади фудбалски фанови на Германија и Шкотска, се во во овој баварски град во очекување на спектакл. Секако дека не можат сите да бидат на „Алијанц Арената“, но затоа и во фан зоните ќе биде супер интересно.
Во Минхен е легендарниот Сер Алекс Фергусон кој се најде меѓу фановите на Шкотска, иконата на Манчестер Јунајтед не крие дека ќе и даде поддршка на својата Шкотска на дуелот со Германците.