Екстра засилување: Тиквеш го договори и Мартин Стојанов!

2447

И дефинитивно нема шега со Тиквеш. Имено вечерва кавадарчани го засилија својот ростер со екстра засилување и тоа со напаѓачот Мартин Стојанов (25) кој доаѓа од тимот на Септември Софија. Како што е познато Стојанов е штипско дете, тој прво се наметнаво Кит Го а потоа во Брегалница бепе клучен играч, за да пред две години направи трансфер во Бугарија.

Јасно е дека тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе има и тоа како респектабилен напад во претстојниот период.

Да потсетиме дека Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија, ова лето за првпат ќе настапи во фудбалска Европа.

ПретходноПознати се стартните состави за првиот меч на ЕУРО: Нагелсман без изненадувања! (ФОТО)
СледноБеса не запира, се пофали и со Горан Силјановски! (ФОТО)