Нема веќе дилеми, Струга ТЛ во следната сезона за наши услови ќе има страшен тим. По Бесарт Ибраими вечерва го продолжи договорот и со Буњамин Шабани, клучниот играч на шампионот, и тоа на две години.
Ова вечерва на своите социјални мрежи го потврдија и стружани.
Шабани во изминатите неколку дена се поврзуваше со трансфер во Гостивар и Беса, но сепак се одлучи да ја прифати понудата на шампионот и да остане во Струга до 2026 година.
Ова секако дека ќе го израдува стратегот Ќатип Османи.