Она што се најавуваше до денови наназад, од поладнево е и официјално. Костадин Захов (36) е нов голман на Беса, тимот од Добри Дол и тимот кој во следната сезона ќе игра во ПМФЛ како дебитант.
Захов изминатата пролетна полусезона го чуваше голот на Воска, го однесе тимот од Охрид до финалето на Купот на Македонија, но сега е време за нови предизвици.
Да потсетиме дека Захов беше член на Шкендија цели осум години и беше дел од најголемите успеси на тетовскиот клуб, претходно бранеше и за Вардар, Брегалница, Брера, Хоризонт Т.
Секако дека ова е големо засилување за Беса.