Првиот ден на Европското првенство започнува со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска кој од 21 часот се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Центарот на третиот по големина град во Германија повеќе наликува на Глазгов или Единбург бидејќи бил окупиран од десетици илјади шкотски фанови кои, се разбира, пијат хектолитри пиво.
Шкотите владеат и со познатиот Хофбраухаус во Минхен, каде Хитлер држел жестоки говори на патот кон власта и кој се смета за место каде се родило нацистичкото движење. Сега е туристичка мека за оние кои уживаат во баварските специјалитети.
Новинарите на Телеграф сведочат дека таму владееле Шкотите, пиеле литри пиво, пееле „No Scotland, no party“, а некои од нив толку се опијаниле што обезбедувањето ги исфрлило.
И додека немаше поголеми инциденти, за малку ќе се случеше трагедија на скалите што водат до метрото. Според очевидци, на глава му паднал Шкотланѓанец во алкохолизирана состојба. Со оглед на тоа и големото количество крв што доаѓало од неговата рана, многумина мислеле дека падот бил фатален. За среќа, екипа на брза помош била во близина.
Видео од дел од случувањата можете да ги видите на следниот ЛИНК.