Полицијата во Германија им препорачува на навивачите на ЕУРО 2024 да пушат трева бидејќи ќе пијат помалку алкохол. Главно ова е насочено кон англиските ултраси, кои се меѓу најдивите. Портпаролот на полицијата во Гелзенкирхен за „Сан“ изјави дека оние кои сакаат да користат марихуана треба да бидат смирени, потсетувајќи дека тоа неодамна е дозволено во земјата.
„Нема проблем поддржувачите да пушат трева на улица – велат од полицијата. Ако видиме група луѓе кои пијат алкохол и изгледаат агресивно, а друга група користи канабис, тогаш јасно е дека вниманието ќе го насочиме кон првото. Употребата на алкохол може да ги направи луѓето агресивни, додека тревата ги прави да се чувствуваат помирни. Нашата цел е да го спречиме насилството“.
Сепак, постои ограничување да не се користи марихуана на територијата на стадионот и на плоштадите во градовите.
Од 1 април во Германија е дозволено одгледување до три растенија марихуана и поседување до 25 грама канабис.