Милош Теодосиќ ќе го продолжи договорот со Црвена Звезда и за следната сезона, пренесува инсајдерот Лука Д’Алесандро. Српскиот кошаркар за белградскиот клуб настапува од летото 2023 година.
Минатата сезона во Евролигата, Милош имаше просек од 9,4 поени и 5,9 асистенции. Со оглед н атоа што „црвено-белите“ и во новата сезона ќе бидат дел од Евролигата, Теодосиќ ќе биде повторно важен дел од тимот.
Инаку, Теодосиќ е освојувач на Евролигата во 2016 година, а стана и МВП на турнирот во 2010 година.