Шампионот се засили и со Бојан Илиевски! (ФОТО)

548

Струга Трим Лум и натаму се засилува. Најново име во таборот на нашиот шампион е дефанзивецот Бојан Илиевски (24) кој досега го носеше дресот на Македонија ЃП. Одличниот дефанзивец може да игра и како бек, но и како стопер. Илиевски е “дете“ на Пелистер, за да во 2021 направи трансфер во Работнички од каде по само една сезона се пресели во Ѓорче.

Илиевски во изминатата сезона настапи на 31 натпревар за “лавовите“, постигна два гола а имаше и две асистенции.

Секако дека ова е големо засилување за шампионот на кој му недостасуваше ваков профил на играч по заминувањето на Меџит Незири.

ПретходноИталија без Фаџоли на првиот меч против Албанија
СледноВимблдон оваа година има нов рекорден награден фонд