Искусниот стопер Диме Димов ја имаше статистички најдобрата своја сезона во кариерата. Овој 30 годишен дефанзивец во дресот на бугарскиот тим Локомотив од Софија одигра 35 од можните 36 натпревари во сезоната која заврши а не настапи само на дуелот со Етер поради 5 жолти картони. Неговиот клуб ја исполни целта, остана во елитата и со пласман на 12 место од 16 клубови. Со тоа и автоматски Димов и во новата сезона ќе ги брани „црвено-црните“ бои на клубот од Софија со кој има договор на уште една година.
Стоперот кој е од Радовиќ во земјава ги бранеше боите на Хоризонт Турново и Брера, беше на прагот да добие и повик во националниот тим но се повреди во сезоната 2020/21 и така остана без повик од тогашниот селектор.