Давид Дејвис и официјално е претставен како нов тренер на Динамо Букурешт. Поранешниот тренер на РК и ЖРК Вардар потпише двегодишен договор со романскиот гигант, тој доаѓа на местото на Чави Пасквал, кој се пресели во Веспрем.
Главна цел на Динамо Букурешт ќе биде многу подобар пласман во Лигата на шампиони и освојување на двојната титула во романскиот шампионат. Последен тим кого го водеше Дејвис беше Ал Ахли во Саудиска Арабија.