Пост-изборен карамбол: Шкупи во паника, Воска ја „нема“, „јамб во најава“ за Гостивар

4790

Не е случајна најавата на Ајдин Олгун првиот човек на Шкупи за негово повлекување од прволигашот од Чаир и со тоа најави земјотрес кај оваа екипа која пред три години беше првак, пред две играше во Европа, а сега откако остана без приходи од УЕФА, стигнаа и проблемите. Турскиот газда наместо да каже дека не може да го финансира неговиот личен неуспех и слабо менаџирање на клубот во изминатите 365 дена, тој прстот го насочува кон ФФМ и бара оставки во федерацијата иако е јасно дека и тамошните промени нема да бидат добри за неговиот имиџ и реноме затоа што и кај новите има „црвен картон“ од пред две години.

Шкупи ќе живее пеколно лето и како такво ќе мине низ турбуленции низ кои екипата нема да има шампионски квалитет за новаа сезона.

Она што е поалармантно е состојбата во Воска Спорт од Охрид. Клубот како да не постои по загубеното Куп финале со Тиквеш. Сите си заминаа, сите се слободни освен Марушиќ за кого се очекува поволен трансфер. Во клубот нема движења, играчите си одат, нема најави за тренизни, подготовки и планови за нова сезона. Таму е можно да влетаат мешетарите низ земјава кои сега немаат прволигашки статус и да „лапнат“ клуб за ништо за да имаат уште една година за комбинации. Но ова е нова сезона, нови ветришта во Македонија, ново МВР.

А кога сме кај МВР, полиција и финансии… Тоа треба да биде и „јамб во најава“ за Гостивар. Ако може некој да плаќа даноци, да има потекло на имот и финансии… Тоа треба да важи за сите па дури и за Гостивар и спонзорите кои пред изборите имаа политичка пропаганда, но имаа и план за уривање на ФК Вардар. Ниту едниот, а ниту другиот план не им успеа. Сега е време за да се остане на нозе и да се докаже дека таму се е чисто, регуларно и според правила и прописи на сите институции во земјава. Законот е ист за сите и сите треба да бидат исти пред законот.

Од сите клубови само ФК Струга Трим Љум е најстабилна. Новиот првак има добитна формула, кога сите спијат склопува силен тим и за новата сезона. Шкендија има одлив на играчи и таму не цветаат сите рози, Тиквеш тивко но сигурно си плови, а Силекс, Брера и Работнички се во тотален лер. Во Пелистер уште го слават „големиот“ успех додека Беса се екипира сериозно.

ФК Вардар Скопје…. иако надвор е пеколно топло но сонцето брзо ќе го огрее и најголемиот клуб во земјава. Во интерес на проектот, ќе почекаме неколку дена.

ПретходноМеси дојде до бројката од 108 гола, Аргентина убедлива (ВИДЕО)
СледноДенеска на ЕУРО: Дербито е Шпанија – Хрватска, Албанија на мегдан со Италија на Спалети!