Аргентина без Дибала на Копа Америка

175

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го објави конечниот список на фудбалери кои се во комбинација за настап на Копа Америка ова лето. Во составот ги нема Пауло Дибала и Анхел Кореа кои настапија на СП во Катар.
Сите други се искусни фудбалери освен играчот на Монца, Валентин Карбони кој има само 19 години и досега два настапи за националниот тим како и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо кој до сега собра пет настапи.
Повторно капитенската лента ќе ја носи Лионел Меси.

Копа Америка стартува на 20 јуни и ќе се игра до 14 јули во САД.

ПретходноРетеги: Роден сум во Аргентина, но ќе се борам до смрт за Италија
СледноВелија во дефанзивниот ред на Беса