Барселона го изигра Хезоња, Хрватот остана без договор поради една изјава

2829

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња требаше да ја продолжи кариерата во редовите на Барселона, но на крајот 29-годишниот кошаркар очигледно беше брутално изигран од каталонскиот клуб.

Мадридска Марка објави дека Хрватот ја прифатил поканата на каталонскиот гигант и дека ќе направи големо предавство кон Реал. Се споменуваше бројка беше три милиони евра по сезона. Наводно, се било договорено, но Барселона во последен момент се повлече од договорот.

Барса брутално го проигра хрватскиот кошаркар. „Мундо Депортиво“ тврди дека апсолутно се било договорено, но дека Каталонците се откажале поради изјавите на хрватскиот кошаркар по последниот натпревар од сезоната.

“Јас сум перфекционист и секогаш ги сакам сите трофеи. Годинава ја пропуштивме Евролигата затоа што тој еден натпревар го одигравме лошо. Затоа се чувствувам лошо. Ова им го подарувам на нашите навивачи, мојот клуб Реал Мадрид и се надевам дека ќе освојам уште повеќе титули“, рече Хезоња.

Сега патот кон Реал е затворен, па својата кариера ќе ја продолжи во друг тим.

ПретходноНа 54 години почина Кевин Кембел, поранешен фудбалер на Арсенал
СледноЕди Рама: Првпат ќе навивам Италија да не победи на меч од ЕП