“Бомба“ во Струга: Шампионот тргнува по Марушиќ!

2309

Како што дознаваме можно е најдобриот стрелец во ПМФЛ за минатата сезона, Алекса Марушиќ, да го засили шампионот, тимот на Струга ТЛ. Од раководството на клубот не сакаат ништо да коментираат додека нема ништо официјално, ако има, се разбира, но дознаваме дека Струга ТЛ и дефинитивно тргнува по потписот на интернационалецот од Црна Гора кој минатата сезона го носеше дресот на Воска.

И ако ова се оствари, тогаш Струга ТЛ во својот напад ќе ги има првите три голгетери од минатата сезона во ПМФЛ, а тоа се Марушиќ, Ибраими и Радески.

Нема дилеми дека Струга ТЛ ова лето на европската сцена има големи амбиции, во најмала рака да го повтори успехот од лани кога стигна до плеј – офот во ЛК, на чекор до групната фаза. Сега се посакува барем да се мине едно квалификациско коло во ЛШ. Сепак се зависи од тоа кој ќе се падне во вторник на ждрепката во Нион.

Јасно е дека ако дојде и Марушиќ,тогаш стратегот Ќатип Османи ќе има супер тим. Покрај него, ако дојде, во нападот ќе бидат и Ибраими, Радески, Компаоре, Малески и веројатно Јаровиќ. Во средниот ред тука се Шабани, Јевтоски, Такахара, Укпа, Бојку….Исто така во одбраната тука се Влајковиќ, Радиќ, Кривањева, Илиевски. На голот е Дујмовиќ, може ќе се врати и Ќосевски.

Има уште други играчи, претежно млади, но Струга ТЛ има намера да се засили со уште 2-3 екстра имиња.

Ако се остварат најавите, тогаш следната сезона во ПМФЛ и не мора да се игра, со оглед на квалитетот на Струга ТЛ во однос на останатите екипи титулата може да им ја дадат стружани уште пред да започне првенството.

ПретходноНекогашниот тренер на Вардар на клупата на Динамо Букурешт
СледноСтартуваше меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ (ФОТО)