Велија во дефанзивниот ред на Беса

629

Дефанзивецот Башким Велија е ново засилувања за новиот македонски прволигаш, Беса. Тој во клубот доаѓа од екипата на Шкендија.

„Фудбалската кариера Башким Велија ја започна во Македонија, играјќи во Ренова и  Шкендија, каде покажа незаменлива издржливост и голема посветеност на секој одигран натпревар. Велија успеа да остави траги и во албанското првенство каде беше дел од екипата на Лаци, екипа во која ја стекна почитта од навивачите и останатите играчи во албанската лига“, соопштија од Беса.

Исто така Беса се пофали со тоа што потпиша договор со 16-годишниот талентиран напаѓач Адмир Латифи кој претходно играше за Македонија ЃП.

ПретходноАргентина без Дибала на Копа Америка
СледноДортмунд обоен во црвено и црно – илјадници навивачи на Албанија низ улиците