Еве на кој германски играч Перез му се јавил утринава:“Ти мораш да дојдеш во Мадрид!“

3330

Синоќа на отворањето на ЕУРО 2024 Германија ја декласира Шкотска со 5:1, се разбира дека во преден план беа младите Вирц и Мусиала, но Тони Крос кој по ова ЕП ќе оди во играчка пензија беше маестрален. Имаше само едно погрешно додавање.

По ова, откако го следел овој натпревар, претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез му се јавил на Крос и му го кажал ова:

Мораш повторно да дојдеш во Мадрид, не можеш сега да си одиш од фудбалот кога играш вака фантастично“ се разбира дека ова било по малку и во шега.

Крос по ова му се заблагодарил на својот досегашен претседател и му кажал дека нема намера да продолжи да игра, па макар уште една година, но дека секогаш Мадрид ќе биде негов дом.

ПретходноПријателска под Шара: Мајсторија на Красниќи, Шкендија го победи Тиквеш!
СледноШпанија ја декласира Хрватска во Берлин! (ФОТО+ВИДЕО)