Еди Рама: Првпат ќе навивам Италија да не победи на меч од ЕП

338

Албанскиот премиер, Еди Рама за „Тутоспорт“ зборуваше за престојниот натпревар на Албанија против европскиот шампион Италија на ЕП 2024. Мечот се игра вечер во рамките на 1.коло од групата Б.
Неверојатно. Тоа ќе биде прв пат, а се надевам и последен, во мојот живот да се надевам дека Италија нема да добие натпревар на ЕП. Но, во секој случај, би бил во ред со реми, што за нашите фудбалери би било како победа.
Знам дека за „аѕурите“ ремито со Албанија ќе биде почеток на судењето против Спалети. Но, за жал, не можам да посакам Италија да добие ништо повеќе од нерешено.“.

Тој беше прашан за силните страни на селекцијата на Албанија.
За Албанија треба да се плашите од нашата јасна надмоќ на трибините, каде што секако победуваме, од духот на одмаздата на момците на Силвињо и од фактот дека нашиот тим нема што да загуби. Може да заврши на кој било начин, но бидејќи Италија речиси никогаш не блескаше кога започнува турнирот, се надевам на нерешено“.

Еди Рама беше запрашан кој играч на Италија би го сакал во репрезентацијата на Албанија.
Донарума, без никакво сомневање“.

На прашањето за која репрезентација би навивал ако Албанија испадне:

За Италија, секогаш за Италија“.

ПретходноБарселона го изигра Хезоња, Хрватот остана без договор поради една изјава
СледноЕкстра засилување за Струга – потпиша Арби Воша