Лудо патешествие – 24 клубови во 15 различни држави на четири континенти

311
ФОТО: Марка

Шпанија, Тајланд, Индонезија, Австрија, Јордан, Кипар, Романија, Финска, Андора, Хонг Конг, Катар, Саудиска Арабија, Канада, Гибралтар и сега Брегот на Слонова Коска. Таков е патот на шпанскиот фудбалер Хозе Педроса Галан, кој на 38-години потпиша договор со Зота од БС Коска.
Тоа е негова 15-та различна држава и четврти различен континент, а 26-ти клуб во кариерата. Сепак, апсолутен рекордер е Локо Абреу кој имал 32 клубови во кариерата.
„За мене ова е лудо. Дојдов во БС Коска на одмор, а изгледа ќе играм тука. Купив копачки за да тренирам, а сега ситуацијата се менува“, вели Галан за „Марка“.
Галан е роден во Леон, а кариерата ја почнал во Ц и Б тимот на Атлетико Мадрид. Играл за Толедо, Алмерија, Ст.Полтен, Арис Лимасол, Чеалул, Санта Колома, РоПС, Про Дута,…

 

ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА НА МАРКА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноЕкстра засилување за Струга – потпиша Арби Воша
СледноДиме Димов имаше перфектна сезона во Локо Софија