На 54 години почина Кевин Кембел, поранешен фудбалер на Арсенал

314
Фото: ФК Арсенал/Твитер

Почина Кевин Кембел поранешниот играч на Арсенал. За овој тим играше од 1998 до 1995 година, постигна 46 гола на 163 натпревари.

„Уништение сме кога дознавме дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше обожаван од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент“, соопштија од лондонскиот клуб. Засега не е познато од што боледувал Кембел.

Кембел играше и во Лејтон Ориент, Лестер, Нотингем Форест, Трабзонспор, Евертон, ВБА и Кардиф Сити. Играчката кариера ја заврши во 2007 година во Кардиф, а во 1991 година играше за Б тимот на репрезентацијата на Англија. Кембел беше примен во болница во критична состојба на 2 јуни и за жал почина денеска.

ПретходноБеса го потпиша 16-годишниот Латифи
СледноБарселона го изигра Хезоња, Хрватот остана без договор поради една изјава