Полувреме во Берлин: “Фуријата“ ја полни Хрватска! (ВИДЕО)

77

Шпанија – Хрватска 3:0 е резултатот по првото полувреме во Берлин, на мечот од групата – Б на ЕУРО 2024. Силна, моќна, фуриозна Шпанија која во секој поглед ја надигра четата на Златко Далиќ во првите 45 минути. Мората во 29.минута и Руиз три минути подоцна беа стрелци на головите за Шпанија, а потоа во 45+2 и Дани Карвахал, на кого ова му беше прв гол во репрезентацијата.

Хрватска не може да се препознае, сепак Ковачиќ и Брозовиќ се закануваа по секој гол на противникот, но мрежата на Симон не се тресеше. Гвардиол исто се закани во 41.минута, но немаше гол, претходно Брозовиќ шутираше а Симон одбрани.

ПретходноФото на денот: Интересна конституција, овој БУЦКО е репрезентативец на Унгарија! (ФОТО)
СледноПријателска под Шара: Мајсторија на Красниќи, Шкендија го победи Тиквеш!