Вечерва во Дортмунд, во меч од 1.коло од групата – Б на ЕУРО 2024, Италија со 2:1 успеа да дојде до победа над Албанија и така да дојде до трите бода.
Убав меч за гледање, посебно беше спектакуларно во првата фаза од средбата, поточно до 16.минута кога видовме се од овој меч. Ретко кој можеше да претпостави во тие моменти дека со тие 2:1 ќе заврши овој натпревар.
А се започна блескаво за Албанија, и тоа со гол во 23 секунда, откако по грешката на Домарко, Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП. Водство за Албанија, водство за еуфорија на трибините на “Сигнал Идуна Парк“ каде имаше околу 50.000 албански фанови.
Сепак Италија многу брзо врати, прво Бастони израмни во 11.минута за да Барела со фантастичен шут во таа 16.минута успеа да и донесе на Италија водство од 2:1.
По тој гол, по тоа водство од 2:1 Италија во целост се прашуваше на теренот. Четата на селекторот Лучано Спалети ги диктораше настаните на теренот, знаеше што сака и знаеше како да дојде до тоа што го сака. Италијанците имаа повеќе шанси за зголемување на водството, но на пауза се замина со тие 2:1.
Во второто полувреме Албанија се обиде да стори нешто повеќе, но сепак не можеше, Италија повторно со многу комбинации, со посед знаеше што треба, како да се задржи тој резултат од 2:1.
Италија имаше шанси, Албанија се обиде да се закани, но сепак немаше промена на резултатот. Псебно треба да се каже дека Манај во 90.минута имаше зицер за 2:2, но Донарума успеа да одбрани.
Италија освои екстра важни три бода, ако се знае дека овие две селекции во следните две кола треба да играат со Шпанија и Хрватска.