Стартуваше меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ (ФОТО)

155

Стартуваше третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ во чест на прерано починатиот Марко. И оваа година покрај македонските екипи, учествуваат и тимови од странство. Вчера се одиграа првите мечеви, а веќе денеска ќе бидат познати дел од патниците за финален пласман.

Мечевите се играат на Спортскиот центар „Марко Божиновски“.  Турнирот има една порака, а тоа е да живее младоста, да се промовира другарството, да се прифаќа различноста, љубовта кон спортот, другарите и семејството. Родителите на Марко, Александра Ристе, во изминатите години постојано се борат за подобро утро на младите спортисти.

Пријателите на семејството Божиновски, другарите на Марко, спортските работници и клубови, сите се дел овој турнир.

По првиот ден победи остварија, Алкалоид (две), Коњух, Пелистер, Морнар. Вториот ден го отворија Одорхеи и Вардар, а како победник излезе македонскиот тим. Бранител на трофејот е Алкалоид, кој денеска против Морнар ќе се бори за пласман во финалето.

Резултати прв ден

Бутел Скопје – Алкалоид 25-34

Одорхеи – Коњух 19-26

Пелистер – Вардар 31-24

Морнар – Бутел Скопје 41-24

Алкалоид – Струга 29-22

Распоред – втор ден

Одорхеи – Вардар 24-32

11 часот: Коњух – Пелистер

18 часот: Струга – Бутел Скопје

19:30 часот: Алкалоид – Морнар

21 часот: Одорхеи – Пелистер

Претходно“Бомба“ во Струга: Шампионот тргнува по Марушиќ!
СледноБеса го потпиша 16-годишниот Латифи