Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, имаше 26 години!

603

Голема трагедија го снајде црногорскиот фудбал и спорт. Како што пренесува порталот РТЦГ, почина голманот на црногорската репрезентација Матија Шаркиќ.

На голманот на Милвол (26) рано утринава му се слошило во станот во Будва, неговите пријатели повикале брза помош, но за жал не успеале да го спасат.

Шаркиќ неодамна брилјираше на голот на пријателскиот натпревар против Белгија, а потоа поради лични обврски остана во Брисел и го прескокна дуелот со Грузија, кој се играше пред шест дена на стадионот под Горица. Тој беше на голот на пријателскиот меч против Македонија одигран во Анталија.

Мина низ помладите категории на Андерлехт, а потоа кариерата најмногу ја врза за Островот – беше во Астон Вила, Виган, Стратфорд, Ливингстон, Вулверхемптон, Бирмингем…

Од август минатата година беше член на Милвол, член на англискиот шампионат.

За Црна Гора имаше девет настапи, се веруваше дека има голман за во иднина, но денеска од Будва стигна трагична вест…

ПретходноНагелсман: Шкотска ме изненади!
СледноНово чудо од дете доаѓа во Реал, Перез заврши уште една врвна работа