Урнат рекорд – Јамал стана најмладиот играч на Европските шампионати

328

Во првото коло од групата Б играат Шпанија и Хрватска. Шпанскиот селектор се одлучи во првиот тим да го стави напаѓачот на Барселона, Ламине Јамал па овој играч стана најмладиот во историјата на Европските првенства.
Јамал заигра со 16 години и 338 денови.

Претходниот рекорд го држеше Каспер Козловски од Полска кој на минатото ЕП против Шпанија дебитираше со 17 години и 246 дена. Тоа го направи само неколку часови по рекордот на Џуд Белингем кој заигра на 17 години и 349 дена.
Сега цел на Јамал ќе биде најмлад стрелец на ЕП. Сега рекордот го држи Швајцарецот, Јохан Фонтален од јуни 2004 година.

ПретходноШвајцарија стартуваше со победа – Дуах со гол на ЕП, а дебитираше пред 11 дена (видео)
СледноДонарума: Ако изгубиме од Албанија ќе имаме голем проблем