Шпанија ја декласира Хрватска во Берлин! (ФОТО+ВИДЕО)

112

Во дербито на денот, во дербито на 1.коло во групата – Б, попладнево во Берлин, Шпанија со 3:0 успеа да ја победи, да ја понижи, да ја декласира Хрватска. Кој ли само можеше да очекува ваков исход ваков дебакл за Модриќ и компанија.

Но Шпанците одиграа навистина добро, квалитетно, знаеја што сакаат, го имаа феноменалниот Јамал, кој денеска влезе во историјата како најмлад фудбалер со неполни 17 години кој играл на ЕП, и заслужено победија.Image

До таа 29.минута речиси не видовме ништо на теренот. Премногу тактика, преголем респект и тогаш Мората ја “отвори“ Хрватска, но и го отвори мечот со убав гол за 1:0 за Шпанија. Веќе во следниот напад Хрватска преку Ковачиќ можеше и мораше да израмни, но не успеа.

Три минути подоцна, “Фуријата“ преку Руиз зголемува на 2:0, заслужено, а исто како и по првиот гол, Хрватите имаа шанса да израмнат. Прво Брозовиќ шутираше а Симон одбрани, за да одбиената топка Гвардиол не успеа да внесе во мрежата на Шпанија.

Сепак на пауза не се замина со 2:0, туку со 3:0 и тоа благодарение на Дани Карвахал, на кого ова беше прв гол во дресот на репрезентацијата.Image

Во второто полувреме Хрватите како да се “разбудија“, носени од поддршката на своите фанови од трибините на Олимпискиот стадион во Берлин, четата на Златко Далиќ ја презема иницијативата, сепак се чини дека Шпанија како свесно да ја предаде средината на тернот.

Но затоа Шпанците од контри беа опасни, а супер шанса имаше Јамал во 52.минута за 4:0, но Ливаковиќ фантастично го одбрани тој зицер.Image

Во следната минута по додавањето на Јамал, Мората со колкот шутираше од непосредна близина, но сега Ливаковиќ имаше многу среќа.

Во 55.минута опасна закана на Хрватска, во тој напад “коцкестите“ имаа две шанси, но сепак немаше гол. Станшиќ и Будимир мораа подобро да реагираат.

Во 65.минута селекторот Далиќ и дефинитивно се предаде откако од игра го извади капитенот Лука Модриќ.

Во 80.минута пенал за Хрватска, Петковиќ шутираше а Симон ја одби таа топка, од втора тој ја затресе мрежата но ВАР го поништи зошто Перишиќ предвреме влегол во казнетиот простор, па така останаа тие 3:0 за Шпанија.

ПретходноЕве на кој германски играч Перез му се јавил утринава:“Ти мораш да дојдеш во Мадрид!“
СледноПознати стартните состави: Спалети не калкулира, Албанија со Сефери и Асани во нападот! (ФОТО)